Поедноставување на административните постапки за стопанството, редуцирање на регулативата, таксите и тарифите, намалување на трошоците за почнување нови бизниси, се само мал дел од реформите спроведени изминативе години со кои Македонија оствари огромен напредок според индексот на економска слобода. Ова е само дел од вчерашната презентацијата на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во седиштето на фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон, јави известувачот на МИА. Ставрески ќе зборува и за предностите на Македонија како бизнис-дестинација, како и за континуираните напори и заложби на Владата да креира бизнис-клима поволна и привлечна за странските инвеститори. Во Извештајот на фондацијата „Херитиџ“ за 2010 година, Македонија е рангирана 22 места погоре од лани. Со 65,7 индексни поени е на 56 место од вкупно 184 земји во светот. Изминативе години беше на 78. место со 61,2 индексен поен.
Поедноставување на административните постапки за стопанството, редуцирање на регулативата, таксите и тарифите, намалување на трошоците за почнување нови бизниси, се само мал дел од реформите спроведени изминативе години со кои Македонија оствари огромен напредок според индексот на економска слобода.
Ова е само дел од вчерашната презентацијата на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во седиштето на фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон, јави известувачот на МИА.
Ставрески ќе зборува и за предностите на Македонија како бизнис-дестинација, како и за континуираните напори и заложби на Владата да креира бизнис-клима поволна и привлечна за странските инвеститори.
Во Извештајот на фондацијата „Херитиџ“ за 2010 година, Македонија е рангирана 22 места погоре од лани. Со 65,7 индексни поени е на 56 место од вкупно 184 земји во светот. Изминативе години беше на 78. место со 61,2 индексен поен.
Истражувањето на „Херитиџ“ се заснова на 10 параметри: бизнис-слобода, слобода на увоз-извоз, фискална слобода, финансиска слобода, монетарна слобода, трошоци на Владата, криминал и корупција, слобода на инвестирање, работнички права и сопственички права.
Презентацијата на Ставрески, кој од завчера престојува во Вашингтон, е пред утрешниот официјален почеток на пролетните средби што ги организираат Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.